„Ова што го слушам и чувствувам и гледам како мотивирање на граѓаните од двете страни, од една страна некакво македонско национално единство, од друга страна тоа што го слушнав вчера на митингот на ДУИ е враќање на државата 20 години назад“, рече носителот на листата во ИЕ5 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Јован Митрески во „24 отворено“ на ТВ24.
Тој додаде дека треба да се направи единство на сите, без разлика на етничката припадност за тоа како државата да се придвижи напред.
„Сите ги чувствуваме истите проблеми, се иселуваат луѓе од различна етничка припадност, секојдневните проблеми се за сите заедници. Иако се избори не смее да се игра на таа карта само за добивање на гласови, туку треба да се внимава“, посочи Митрески.
Тој додаде дека не треба да се отвораат стари рани, бидејќи тоа не ни е потребно, туку потребни ни се развој, просперитет, економија и напредок.