Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Герасимов: Руската Федерација шири дезинформации за да предизвика страв и несигурност за евроинтеграциите

Кристина Герасимов, вицепремиерка задолжена за евроинтеграции на Молдавија
Кристина Герасимов, вицепремиерка задолжена за евроинтеграции на Молдавија

Вицепремиерката за европски прашања во Владата на Молдавија Кристина Герасимов, на денешната заедничка прес конференција со првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ посочи дека „пропагандата на Руската Федерација и дезинформациите во однос на нашата европска иднина е силна“.

„Ги користат социјалните медиуми за да ги шират пораките на стра и за наводна несигурност за нашата безбедност како држава. Ова не е ништо ново. Сме ги гледале овие пораки и ваквите наративи и во минатото, но сепак тие нема да успеат да ја нарушат нашата европска агенда затоа што граѓаните на Република Молдавија знаат дека ЕУ е проект за мир, тоа е простор каде што има цврсто почитување на човековите права и демократијата и владеењето на правото и тоа се вредностите кои што ги споделува секој граѓанин на нашата држава“, истакна вицепремиерката за европски прашања во Владата на Молдавија Кристина Герасимов.

Зачлени се на нашиот е-билтен