Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Велика Британија го протерува рускиот аташе за одбрана и воведува рестрикции за дипломатите

Велика Британија денеска објави дека ќе го протера рускиот аташе за одбрана, ќе го одземе дипломатскиот статус за одредени имоти и ќе ги ограничи дипломатските визи за претставниците на Руската Федерација, јави Скај њуз.

– Ќе го протераме рускиот одбранбен аташе, кој е непријавен воен разузнавач. Ќе го отстраниме статусот на дипломатски простории на неколку имоти поврзани со Русија и ќе воведеме нови ограничувања за руските дипломатски визи, вклучително и времето што руските дипломати можат да го поминат во Британија“, изјави министерот за внатрешни работи Џејмс Клеверли во парламентот.

Тој додаде дека акцијата уследила по низа „малигни активности“ од Русија низ Британија и Европа.

Во април, Британец беше обвинет за наводна непријателска државна активност во корист на Русија, вклучително и регрутирање луѓе да запалат деловен простор во Лондон поврзан со Украина.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека Москва „соодветно“ ќе одговори на одлуката на британската влада. 

Зачлени се на нашиот е-билтен