Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија треба да биде потпишан што е можно поскоро.
Ердоган изјави дека е задоволен од напредокот во мировниот процес меѓу Азербејџан и Ерменија и оти очекува позитивни резултати од средбата на министрите за надворешни работи што ќе се одржи во Алмати, Казахстан на 10 мај, јавија турските медиуми.
„Мировниот договор треба да биде потпишан што е можно поскоро, со цел регионот да ја постигне стабилноста кон која се стреми“, соопшти кабинетот на турскиот претседател по средбата со азербејџанскиот премиер Али Асадов.