Европската унија го осуди нападот врз комплексот на УНРВА во Источен Ерусалим.
– Сторителите мора да одговараат, напиша шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел на X.
– Одговорност на Израел е да ја обезбеди сигурноста на хуманитарните работници, додаде тој, нарекувајќи ја агенцијата на ОН за палестинските бегалци „незаменлив спас за милиони луѓе во Газа и регионот“.