Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украински проектил погоди ресторан во Доњецк под руска контрола, при што загинаа тројца

 Три лица загинаа, а осум се ранети денеска во украински напад врз градот Доњецк, кој е под руска контрола, на истокот на земјата, пренесе Бета.

-Директно погоден е ресторанот „Рај“, изјави преку Телеграм, Денис Пушилин, шеф на руските окупациски власти во тој регион.

Според Пушилин, ракета од американски ракетен фрлач Химарс директно го погодила ресторанот и оштетила други згради, а друга ракета погодила недовршена зграда во близина.

Доњецк, кој е под контрола на Москва, е многу блиску до линијата на фронтот и редовно е мета на украинските напади.

Руската армија денеска соопшти дека зазела пет села во Харковската област, исто така во источна Украина каде што спроведува копнена офанзива, и уште едно село во Доњецката област. 

Зачлени се на нашиот е-билтен