„Нема време за губење во успешното спроведување на договорените обврски на секоја од земјите опфатени со Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија“ е пораката за првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, од денешниот состанок на Министрите за европски прашања и министри за финансии за Планот за раст за Западен Балкан.
Маричич на состанокот изтазил благодарност до сите што учествуваат во процесот и за постигнатите резултати кои во кусо време се реализирани во соработка со Европската Комисија и со нашите регионални партнери од Западен Балкан.
„Регионалната соработка е движечка сила со која европеизацијата на државите ќе биде забрзано и успешно. Европската Унија направи голем исчекор и заложба со иницијативата за Планот за раст за соработка на регионот. Затоа, регионот заедно со Европската Комисија мора да продолжат да работат да ја реализираат иницијативата која носи големи придобивки за граѓаните на сите земји на Западен Балкан“, истакнува во објавата на социјалните мрежи првиот вицепремиер задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ.