Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

РСЕ: Србија ќе го отплаќа ЕКСПО центарот околу 30 години

 Србија во следните 30 години ќе ја отплаќа специјализираната светска изложба ЕКСПО, што треба да се организира во 2027 година во Белград, објави РСЕ.

ЕКСПО е „непрофитна манифестација“ и само со користење на изградениот комплекс како нов саемски простор ќе може да се оправдаат вложените средства, додека рокот на враќање на инвестицијата е најмалку 27,4 години, пишува во „Прелиминарното оправдување студија за ЕКСПО и новиот саемски простор”, во кои РСЕ имаа увид.

Таа студија досега не беше достапна ниту за јавноста, ниту за независните институции што се надлежни за контрола на трошењето на државните пари.

Студијата, односно документот со кој се утврдува дали има социјална и финансиска оправданост за изградба на проект е нарачана од Министерството за градежништво, а студијата е изработена на 20 јуни 2022 година. 

Зачлени се на нашиот е-билтен