Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борел е за Украина да користи европско оружје за напади на руска територија

 Високиот претставник на ЕУ Жозеп Борел денеска ги повика членките на Унијата да најдат рамнотежа меѓу стравот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, оценувајќи дека Киев треба да може да гаѓа на руска територија со западно оружје.

„Според правилата на војувањето тоа е сосема можно, нема противречност, можам да одговорам или да се борам против оној што ме напаѓа од моја територија, изјави Борел пред состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Брисел.

– Потребна е рамнотежа меѓу ризикот од ескалација и потребата Украинците да се бранат, додаде тој.

Во европските градови се води расправа за тоа дали на Украина треба да и се дозволи или не да го користи оружјето што и го дадоа западните земји за да гаѓа цели на руска територија.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека го поддржува тоа, но неколку земји кои се сојузници на Украина, вклучително и Германија и САД, се воздржуваат и стравуваат од директен конфликт со Москва.

Германската државна секретарка за одбрана Сиемтје Молер денеска го повтори категоричното противење на Берлин.

– Германија донесе суверена одлука, рече таа.

Украина редовно врши притисок врз своите западни партнери, особено Вашингтон, кој е нејзин главен снабдувач со оружје, да одобри употреба на западно оружје со поголем дострел против цели во Русија.

Столтенберг вчера изјави дека Киев „има право да се брани“ и затоа „има право да гаѓа легитимни воени цели надвор од Украина“.

Неколку европски земји, вклучувајќи ги Естонија и Холандија, поддржуваат таква опција.

– Никогаш не сум ја исклучила и се надевам дека другите земји кои имаат поинаков став ќе го променат, изјави холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен по пристигнувањето на средбата во Брисел.

Зачлени се на нашиот е-билтен