Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ел Сиси: Меѓународната заедница да го запре присилното раселување на Палестинците од Појасот Газа 

 Претседателот на Египет, Абдел Фатах ел Сиси ја повика меѓународната заедница да се погрижи Палестинците да не бидат присилно раселени од Појасот Газа, разурнат од војна.

– Ја повикувам меѓународната заедница веднаш да обезбеди долгорочна хуманитарна помош за Појасот Газа и да ја прекине израелската опсада и да го запре секој обид да се принудат Палестинците да ја напуштат својата земја со сила, истакна ел Сиси на Арапски форум за соработка во Пекинг.

Кинескиот претседател Си Џинпинг на Форумот посочи дека Пекинг сака поблиски врски со арапскиот свет.

Зачлени се на нашиот е-билтен