Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Борел: Србија и Косово постигнаа согласност за анексот за спроведување на договорот од Брисел, Приштина се согласи да формира Сојуз на српските општини

Косово и Србија денеска во Охрид го утврдија анексот за спроведување на договорот за нормализирање на односите што двете страни го постигнаа на 27 февруари во Брисел, соопшти во изјавата за мемдиумите високиот претставник за надворешна политика и заменик претседател на Европската Комисија Жозеп Борел, откако по 12 часа заврши состанокот меѓу претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти.

Борел дополни дека како дел од овој договор двете сртрани се договорија да ги спроведат одредбите од анексот во добра војла, а една од нив е и реализацијата на Членот 7 со кој Приштина се согласи веднаш со мониторинг на ЕУ да се воспостави самоуправа за српските заедници во Косово.

Како што истакна Борел имплементацијата на договорот предвидува и многу други практични чекори што треба да се направи, кога, кој и како.

Високиот претставник за надворешна политика и заменик претседател на Европската Комисија Жозеп Борел потенцираше дека со анексот двете страни се обврзани на одредбите од договорот и дека тој станува дел од нивниот процес за евроинтеграција.

„Овој договор не е само за Косово и Србија, туку за сигурноста и просперитетот на целиот регион“, рече Борел и информираше дека во понеделник тој ќе ги запознае членките на ЕУ земјите за постигнатата согласност за анексот како сериозен чекор напред во односите меѓу двете земји.

Ова, како што рече Борел, е резултат на долги и тешки преговори во неколку формати со цел да се надминат разликите помеѓу страните.

Разговорите во Охрид меѓу високите претставници на ЕУ и на Србија и на Косово траеја речиси 12 часа, а исходот од средбата во вилата „Билјана“ во Охрид го чекаа повеќе од 200 новинари од земјава, од Косово, од Србија и други странски известувачи.

Зачлени се на нашиот е-билтен