Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Доделени наградите за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство

Првата награда ѝ припадна на Марија Тумановска за „Украинските бегалци во Македонија: Живееме од денеска за утре“, производ објавен во медиумот „Радио Слободна Европа“. Второ место освои Симона Петровска од телевизија „Телма“ за „Кога системот произведува жртви – Мемет Камбер замина во смртта без лична карта“. Третата награда му беше доделена на Урим Хасипи за „Африм Бериша од Тетово дал мито за лични документи” („Afrim Berisha nga Tetova ka dhënë mito për dokumentet personale“), прилог емитуван на телевизија „Коха“

Награди за професионално известување за состојбата на бегалците и лицата без државјанство се доделија попладнево во Скопје, во организација на Македонското здружение на млади правници со УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци и Здружението на новинарите на Македонија.

Првата награда ѝ припадна на Марија Тумановска за „Украинските бегалци во Македонија: Живееме од денеска за утре“, објавен во медиумот „Радио Слободна Европа“. Второ место освои Симона Петровска од телевизија „Телма“ за „Кога системот произведува жртви – Мемет Камбер замина во смртта без лична карта“. Третата награда му беше доделена на Урим Хасипи за „Африм Бериша од Тетово дал мито за лични документи” („Afrim Berisha nga Tetova ka dhënë mito për dokumentet personale“), прилог емитуван на телевизија „Коха“.

Нита Чаволи, лице за комуникации на Македонското здружение на млади правници, во изјава за МИА рече дека ова е десетта година доделување награди за професионално известување за бегалците и лицата без државјанство и барателите на азил.

– Оваа награда е значајна зашто пред сѐ, го сензибилизира општеството за страдањата и потешкотиите во кои живеат овие лица. Конкретно, во нашата земја поминаа милиони бегалци во неколку наврати во новата историја во Македонија. Меѓутоа, исто така и за лицата без државјанство, кои во нашата земја ги има преку 700 идентификувани. Веќе сме при крај во решавањето повеќето случаи. Во целата таа борба, новинарите имаат огромна улога, нагласи Чаволи.

Таа додаде дека на светско ниво, сѐ уште е потребно да се работи на емпатија, на солидаризирање и тоа е главната порака на годинешниот Светски ден на бегалците, односно, утрешниот ден – 20 јуни.

– Да се солидаризираме и да направиме луѓето да се чувствуваат добредојдени. Зашто освен од прогон, војна, моментално во пораст е огромен бран луѓе кои се присилени да го напуштат домот од еколошки причини. Тоа, не може да ги одмине сите. Тоа е нешто, што може да се случи секому и многу важно е секој од нас да чувствува солидарност, подвлече Чаволи.

Наградената Петровска од „Телма“ во изјава за МИА рече дека е среќна што нејзината сторија, објавена во јуни 2023 година, допринела до тоа веќе во декември на околу 1.000 граѓани да им се реши проблемот.

Зачлени се на нашиот е-билтен