Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ципрас: ЕУ треба да го реализира даденото ветување на Западен Балкан за да не загуби кредибилитет

„ЕУ конечно мора да го реализира своето ветување кое го даде на земјите од Западен Балкан. Бидејќи ако тоа ветување не е кредибилно, тогаш ЕУ ќе го загуби кредибилитетот надвор од границите, како меѓународна сила“, рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој додаде дека со исполнување на ветувањето, ЕУ ќе даде до знаење дека жртвите кои политичарите ги прават за мирно решавање на разликите не се игнорираат, туки носат бенефит.

„Активната билатерална и мултилатерлна дипломатија која цели кон мирно решавање на разлики сега е поважна од било кога, не само на Балканот“ рече Ципрас.

Ципрас потенцираше дека единствениот пат кон европска иднина и за иднината на Северна Македонија е да го почитува Преспанскиот договор.

„Се потврди на секое ниво дека Преспанскиот договор е многу важен за мирот, за развојот и за соработката на овој дел од светот. Се потврди дека не само што тој е едиснтвениот пат за европска иднина на Северна Македонија, туку и за иднината на државата воопшто е да го почитува овој договор“ рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одржлив развој во Атина.

Тој додаде дека се надева оти новата Влада и политичко лидерство во Северна Македонија е свесно за значењето на Преспанскиот договор и што ќе значи неговото прекршување.

„ЕУ исто така треба да го сфати значењето на случувањата на Западен Балкан и да имплементира активни политики во насока на интегрирање на овој дел од Европа“, рече Ципрас.

Ципрас смета дека во овој период на кризи не смее да се дозволи Балканот да остане нерегулирана зона за натпревар помеѓу различни сили, бидејќи искуствата од минатото покажуваат дека тоа води кон трагедија.

„Да не дозволиме национализмот да расте во овој дел од светот, бидејќи видовме каде не однесе тоа со војните во поранешна Југославија пред само 20 години“, рече Ципрас.

„Јас и Зоран се боревме во тешки времиња за нешто за што верувавме и се уште веруваме дека беше неопходно во тоа време, иако сите ни велеа дека не е возможно. Сакавме да промовираме мир, а истовремено заштитувајќи ги националните интереси на нашите земји, стабилноста и соработката на регионот“ рече поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас на Меѓународната конференција за мир и одрлжив развој во Атина.

Тој додаде дека тој, заедно со поранешниот премиер на Северна Македонија, Зоран Заев ја презеле одговорноста и го направиле тоа што е неопходно за граѓаните и покрај политичката цена која ја платија.

„Затоа оваа конференција, шест години подоцна не е само одбележување или собир за теоретски да се дискутира  за големите проблеми, под превезот на лажна неутралност. Не, ова е важен политички настан кој ги гледа сегашноста и иднината и дава напор за промоција на прогресивните политики“ рече Ципрас.

Тој додаде дека на конференцијата учествуваа околу 40 говорници од цела Европа, Балканот и САД и дека сите дадоа придонес и препораки за Балканот, за мир и за иднината на Европа.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново