Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

„Во постојано движење“ – групна изложба на делата и документација од „Артс хаб“

„Во постојано движење“ е насловот на завршната групна изложба од програмата „Артс хаб“, поставена пред КСП Центар-Јадро во Скопје.

За време на изложбата уметникот Никола Узуновски ќе подготвува храна користејќи го методот на соларна кујна.

Изложбата ќе може да се погледне во текот на целиот ден.

Во рамки на оваа програма беа поддржани пет колаборативни и партиципативни пректи, кои на изложбата ќе бидат претставени преку селекција од дела и траги од креативните процеси реализирани во периодот 2023/24 година.

Станува збор за проектите „Преосмислување на урбаните простори: проект за јавни тоалети во Скопје“ на Озбек Ајваз, „Вештини за оживување“ на Клелија Живковиќ, „Одржливи заедници“ на Никола Узуновски,  „Драгославија“ на Тодор Трпевски, Дарио Дончевски и Зорица Зафировска и „Кадри на ранливост“ на Наташа Неделкова, Миле Неделков и Амир Карахасан.

Програмата „Артс Хаб“ се реализира со финансиска поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија.бт/бак/

Фото: Плакат

Зачлени се на нашиот е-билтен