Луѓето што ја идеализираат Русија преку проруски видеа на социјалните мрежи треба да поминат извесно време таму и самите да почувствуваат како изгледа животот со ограниченa слободa. Ова го порача американската новинарка Џил Доерти, поранешна шефица на московското биро на CNN, во интервју за „Булевард Бугарија“.
Џил Доерти е долгогодишна новинарка на CNN и една од најпрепознатливите дописнички на телевизијата за Русија. Од 1997 до 2005 година го водела московското биро, известувајќи за владеењето на Борис Елцин и подемот на Владимир Путин. Русија ја познава уште од студентските денови, кога престојувала и студирала во Советскиот Сојуз.
Доерти зборува за разликата меѓу сликата што ја создава Кремљ и секојдневното искуство на граѓаните. Според неа, оние што ја поддржуваат руската власт од странство треба да видат што значи повлекување книги од книжарниците поради содржина што власта не ја одобрува и губење слободи што дома ги сметаат за вообичаени.
Таа оценува дека цензурата, од која Русија почнала да се ослободува по советскиот период, повторно се вратила.
Во интервјуто Доерти ја критикува и употребата на „традиционалните вредности“ како политичка алатка. Според неа, Кремљ преку таа реторика создава слика за морално пропадната Европа и ја претставува Русија како заштитник на традицијата.
Разговорот е објавен по повод бугарското издание на нејзината книга „Русија одблизу“.

