Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Костадиновска-Стојчевска: Мицкоски наместо да каже „Ве излажавме и си теравме кампања Никогаш Северна“, тој не обвини нас

„Вчера во последните пет минути од излагањето на премиерот, тој наместо да каже ние ве излажавме и си теравме кампања на „Никогаш Северна – Само Македонија“, тој со сиот тој гнев не обвини нас и рече дека бил под диктат и заради нас ја употребува придавката, а ние не го натеравме да ја употреби придавката кога даваше заклетва. Ние бевме криви за заклетвата, а за Владата, за програмата и за се претходно не бевме ние виновни“, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Таа додаде дека последните пет минути СДСМ ќе ги паметиме до крај затоа што премиерот Мицкоски ги искористил петте минути за да го истури целиот гнев врз опозицијата.

„Она вчера што се случи во последните пет минути ќе го паметиме до крај затоа што тој ги искористи петте минути нас, на опозицијата да ни го истури целиот гнев којшто него ќе му се слее од тие над 400.000 гласови затоа што велеше дека нема да го признае Преспанскиот договор.. Ама вие имате двотретинско мнозинство и јас да бев како вас на истата седница ќе го ставев и Преспанскиот договор за да се поништи и така ќе добиевте уште 400.000 гласови“, истакна Костадиновска-Стојчевска.

Но, како последица на владеење на ВМРО-ДПМНЕ и после 11 години изолација, промената на името беше единствениот излез, посочи Костадинивска-Стојчевска.

„Седум години се зборуваше за поделби. Ние бевме предавниците, ние бевме лошите, ние бевме тие што го направија тоа со името, ние бевме тие со Преспанскиот договор, ние бевме тие со преговарачката рамка, а вие бевте патриоти. Во вашата програма има само неколку пати Северна Македонија. Сакам да расчистам едно важно прашање. Преспанскиот договор на никого не му беше мил и промената на името никој не ја прифати со отворени раце и со драго срце, меѓутоа ние пред да дојдеме до тој момент, гледавме како се преговарало – Долна, Горна, Вардарска и тн. Овде не е проблемот дали грчките весници ќе бројат колку пати Христијан Мицкоски или претседателката рекле Македонија или Северна Македонија, туку дека седум месеци наназад слушавме „Никогаш Северна – Само Македонија“. Вчера дури во репликите пратениците од владејачкото мнозинство велеа Македонија. Сакале да признаете или не, ВМРО-ДПМНЕ не донесе во таа ситуација“, рече пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска-Стојчевска во емисијата „Топ тема“ на Телма телевизија.

Зачлени се на нашиот е-билтен