Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Министерка со бугарско државјанство, а ВМРО-ДПМНЕ предлагаше на државни функционери да им се онезвозможи избор доколку имаат двојно државјанство

Радакцијата на 360 степени откри дека министерката за енергетика и министерот за добро владеење во новата влада на Мицкоски се со двојно државјанство.

Министерката за енергетика и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Сања Божиновска, открива 360 степени, директорувала со хрватската канцеларија на фирмата „Руднап“ користејќи бугарски пасош. Тоа е видливо од јавно достапниот регистар на Трговскиот суд во Загреб. Во изјава за „360 степени“, министерката Божиновска негира дека поседува бугарско државјанство, но не одговара дали поседувала. Нашите дополнителни проверки покажаа дека таа побарала отпуст во втората половина на минатата година и дека процедурата не е завршена, што значи дека сè уште е бугарска државјанка

Порталот 360 степени откри дека и Министерот кој треба да биде одговорен за политики за добро владеење, Арбен Фетаи, кој отворено декларирал дека поседува и белгиско државјанство.

Двојното државјнаство за избрани функционери не е забрането со закон, но отвора дилеми за моралните квалитети, како и за тоа што ќе се случи ако министер биде во состојба да одлучува за прашања што ги засегаат двете или повеќе негови татковини, ја поставува дилемата авторот на сторијата.

И тоа е токму причината поради која во 2021 година, тогаш Опозициската ВМРО-ДПМНЕ побара законски измени со кои не ќе може да стане пратеник оној којшто има двојно државјанство. Од партијата тогаш најавија дека пратеничката група ќе поднесе амандман во Собранието во кој ќе стои дека кандидат за пратеник може да биде лице кое има само македонско државјанство.

Оваа иницијатива ја покрена пратеникот во тој состав Антинио Милошоски.

„Ние во текот на овие ден-два до Собранието како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесеме еден амандман којшто ќе се однесува на Законот за пратеници, Законот за избори и каде што ќе пишува дека кандидат за пратеник во Собранието може да биде лице коешто има само македонско државјанство и нема ниедно друго двојно државјанство“, најави опозицискиот пратеник, Антонијо Милошоски.

Ваквиот предлог тогаш беше прифатлив и за СДСМ, кои поставија услов оваа измена да стартува веднаш и да важи и за актуелниот пратенички состав.

Тогашниот координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, за измените во предлог- законот, укажа дека „овој услов го има и во Законот за надворешни работи“ и уште побара „оваа одредба од членот на овој закон да се усогласи со Изборниот законик во рок од триесет дена по влегувањето во сила“.

Овој предлог тогаш следуваше откако функционери на партијата и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ се најдоа на списокот со бугарски документи, којшто го објави тогашниот бугарски вицепремиер Красимир Каракачанов. Тој наведе „интересни имиња“ на македонски граѓани коишто имаат право да гласаат на парламентарните избори во Бугарија, врз основа на стекнато државјанство, меѓу кои се најдоа и имињата на Александар Николоски, Антонио Милошоски, Никола Мицевски

Посочените на листата тогаш ги демантираа обвинувањата и тврдеа дека станува збор за „масло на Зоран Заев“.

Како и да е, не може да се избегне впечатокот за двојните аршини, за ова, како и за многу други прашања кои ги застапува ВМР-ДПМНЕ. Во овој слуачај, во 2021 година од нив се поттикна иницијативата јавните функционери да бидат граѓани на Северна Македонија без второ државјанство, а денес тоа не им е проблем кога станува збор за новоизбраните министри во владата на Мицкоски.

З. Б.

Зачлени се на нашиот е-билтен