Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Песков: Орбан не носи порака од рускиот за американскиот претседател

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави денеска дека рускиот претседател Владимир Путин не доставил никаква порака преку унгарскиот премиер Виктор Орбан до американскиот претседател Џо Бајден и другите учесници на Самитот на НАТО што неделава ќе се одржи во Вашингтон.

На прашањето дали Путин им пренел порака на Бајден и на другите учесници на Самитот на НАТО преку Орбан, кој ја посети Москва на 5 јули, Песков одговори негативно.

Тој додаде дека Орбан, кој претходно ги посети Киев и Москва, а денеска е во Пекинг, од каде ќе отпатува во Вашингтон, „презема сериозна иницијатива да ги спореди ставовите на различни страни, врз основа на примарни извори“.

– Ние тоа многу цениме и претседателот Путин даде висок оцена на напорите на господинот Орбан, истакна Песков. 

Зачлени се на нашиот е-билтен