Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Албански медиуми: Изборите во Химара никако да се одржат; Високи претставници на американското правосудство го посетија СПАК; Косово и САД да останат во чекор за унапредување на нивната заедничка визија

Регулаторната комисија при Централната изборна комисија вчера не ги одобри процедуралните рокови за делумните избори за градоначалник во општина Химара. 3 члена од оваа комисија гласаа „за“, а останатите 2 гласаа против, јавуваат албанските медиуми.

Американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан по средбата што ја имаше пред два дена со претседателката Вјоса Османи изјави дека Косово и САД да останат во чекор за унапредување на нивната заедничка визија, пренесоа косовските медиуми.

Во продолжение се содржините од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Панорама: Избори во Химара – Регулаторната комисија на ЦИК не ги одобрува роковите; го поништува претседателскиот указ; ДП се уште нема име за кандидатот

Регулаторната комисија при Централната изборна комисија вчера не ги одобри процедуралните рокови за делумните избори за градоначалник во општина Химара. 3 члена од оваа комисија гласаа „за“, а останатите 2 гласаа против, пренесе Панорама.

Но, според законот, секоја одлука мора да се донесе со најмалку 4 гласа. По овој начелен став, претседавачот не го однесе на гласање член по член.

Според указот на претседателот Бајрам Бегај, овие избори ќе се одржат на 4 август 2024 година, но на оваа одлука се спротивставија двајца членови на опозицијата. Според предлог-одлуката што ја објави ЦИК за организација и спроведување на делумните избори за градоначалник на Химара, изборната кампања би се отворила на 26 јули.

Еуроњуз: Делегација со високи претставници на американската правда го посети СПАК

Делегација од американско правосудство денеска беше во посета на СПАК, каде се сретна со првиот човек на оваа институција и други обвинители.

Според соопштението на американската амбасада на социјалната мрежа „Х“, тие подвлекле колку е важно кривичното гонење со интегритет и професионализам за борба против корупцијата, организираниот криминал и неказнивоста, пренесе Еуроњуз.

КОСОВО

Зери – О’Брајан по средбата со Османи: Горди сме што ја поддржуваме демократската држава Косово

Американскиот помошник државен секретар Џејмс О’Брајан по средбата што ја имаше пред два дена со претседателката Вјоса Османи изјави дека САД се горди што го поддржуваат Косово, пренесе Зери.

О’Брајан рече дека е важно Косово и САД да останат во чекор за унапредување на нивната заедничка визија.

Газета Експрес -Германска амбасада: Ние сме за укинување на мерките, на Владата е да создаде клима за да се обезбеди потребниот консензус во ЕУ

Германската амбасада во Приштина во одговор за Газета Експрес  вели дека официјален Берлин е за укинување на мерките против Косово. Сепак, појаснуваат дека одлучуваат земјите-членки на ЕУ и дека останува во рацете на Владата на Косово да создаде поволна клима за да се постигне потребниот консензус во Европскиот совет.

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел, преку својот извештај што го достави до земјите членки на ЕУ препорача укинување на мерките за Косово. Но, освен дискусиите дека некои држави се за целосно укинување, а некои не, сè уште нема конкретно движење за нивно укинување.

КОЛУМНА

Коха: Француските избори, апсењето на Вучиќ и авто-головите на Косово

„Изјавата на Свечла дека доколку претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дојде на Косово без дозвола од МНР, ќе биде уапсен, можеби ќе направи неволја во својата партија, но направена од него, како министер во Владата , го става Косово во неповолна позиција во процесот од кој Косово може да добие, но и да загуби многу.

Ова зависи од мудроста на властодршците“, пишува авторот Арбен Ќирези во колумната „Француските избори, апсењето на Вучиќ и авто-головите на Косово“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен