Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Руперт Мардок, сопственикот на медиумската империја Фокс њуз, во битка со наследниците

Руперт Мардок со синовите Лахлан и Џејмс
Руперт Мардок со синовите Лахлан и Џејмс

Според документите до кој дојде Њујорк Тајмс, Руперт Мардок е во тајна правна битка во која медиумскиот магнат се бори управувањето со влијателните медиуми во негова сопственост да го добие неговиот неговиот најстар син Лахлан Мардок, наспроти трите други негови деца.

Мардок, кој веќе има 93 години, се обидува да ја обезбеди контролата на Лахлан Мардок врз семејната медиумска империја со менување на условите кои сега ги имаат помладиот брат Џејмс, сестрата Елизабет и полусестрата Пруденс во управувањето на медиумската империја.

Во моментов, контролата на распространетата империја на милијардерот и медиумски тајкун е распоредена на сите негови четири најстари деца. Но, според судскиот документ до кој дојде Њујорк тајмс, Мардок сака Лахлан да има единствена контрола врз инвестициите на семејството во Фокс њуз, Волстрит журнал, Њујорк пост, во австралиските медиуми, вклучително и во Сан и Тајмс во Велика Британија.

Лахлан Мардок се смета за најконзервативниот од децата на Мардок, а неговиот татко тврди дека неговите политички убедувања се од суштинско значење за одржување на вредноста на десничарската медиумска компанија.

Доколку семејството не постигне договор, борбата за иднината на Фокс може да оди на суд во септември, само два месеци пред изборите во САД.

Лахлан Мардок стана претседател на News Corporation и Fox Corporation, матичната компанија на Fox News, во ноември минатата година, откако неговиот татко објави дека го завршува своето седумдецениско управување како еден од најконтроверзните медиумски тајкуни во историјата.

Зачлени се на нашиот е-билтен