Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВИДЕО Евакуирано расплакано мало девојче, жителите од Немањици со тешко срце ги напуштија своите домови

Пожарите не стивнуваат, а во моментов најкритично е во селото Немањици во општина Свети Николе. Пожарникарите, полицијата, заедно со директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов влегоа во куќите кои беа зафатени од пожар на ова место обидувајќи се на терен да ги евакуираат жителите и да проверат дали некој останал во семејните објекти, бидејќи дел од луѓето не сакале да ги напуштат своите домови.

На видеото се гледа евакуација на луѓе, а меѓу нив и расплакано дете кое го напушта домот и заминува со возило заедно со екипите кои ги гаснат пожарите и ги евакуираа лицата на безбедно.

„Загрозени беа животите на луѓето, а некои жители не сакаа да ги напуштат домовите иако огнот беше многу близу. Од страна на пожарникарите се проверуваа и дел од куќите загрозени од пожарот за да се види случајно некој да не останал внатре. На жителите им беше тешко да ги напуштат домовите“, велат од Центарот за управување со кризи од каде заедно со Ангелов постајано се на терен.

Ветерот кој дува на ова место ја отежнува состојбата и ја прави уште поопасна.

Околу 40 куќи, од кои поголем дел се стари, но и нови, кои се живеалишта на жителите во селата Малино, Немањици и Орел вчера доцна попладнето беа пеплосани од огнените јазици, кои брзо се ширеа поради ветерот, се првичните проценки на штетети според градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

Во Светиниколскиот регион денеска на пожарите се интервенира и од земја и од воздух.

Најново