Во текот на вчерашниот ден, имало вкупно 29 пожари на отворен простор, од кои во моментов 5 се активни, 3 се под контрола и 21 се изгаснати, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни пожари има кај селата Тажево, Брезница и кракот кон Јасен, потоа на Илинска Планина кај селото Базерник, кај селото селото Фурка кон Каравалија, кај селата Драчевица, Црвена Вода и местото викано Темна Бука, како и кај селата Зелениград и Јамиште.
Од ЦУК соопштија и дека под контрола се ставени пожарите кај селата Косел, Расино, Опеница и Вапила, како и пожарот кај местото викано Погана кон ветерниот парк Богданци и кај селото Латово.
Инаку, денеска во Скопје ќе се отвори хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите во Свети Николско и Источна Македонија. Пунктот ќе биде лоциран до „Ист Гејт Мол“, до комуналното претпријатие и супермаркетот „Еконас“ во канцелариите на КСОМ веднаш до пешачкиот премин.