Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Утрово три пожари се активни низ Македонија

Во текот на вчерашниот ден 05.08.2024 година имаше вкупно 23 пожари на отворен простор, од коишто, соглано вечерните и утринските информации, три (3) се уште се активни, шест (6) се под контрола и 14 се изгаснати, а на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК имало вкупно 2 563 повици во последното деноноќие, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК)

Трите (3) пожари на отворено, што се уште се активни, се лоцирани во: Општина Македонски Брод, во пределот кај с.Тажево – с.Брезница – крак кон ЈП „Јасен“; вториот активен пожар е на територија на две општини – Општина Демир Хисар и во Општина Охрид, на Илинска Планина, во реон кај селата Витово, Базерник, Мало Илино и Брежани и третиот активен пожар е, исто така, на територијата на две општини – во Општина Дојран и Општина Богданци во реон кај с.Фурка кон Богданци.

Шест (6) пожари на отворен простор се под контрола, во: Општина Пробиштип, с.Зелениград – с.Јамиште, Општина Македонски Брод, с.Слатина, Општина Охрид, Планина Галичица, Косел – Расино – Опеница – Вапила, Општина Пласница во с.Пласница е изгаснат, во с.Латово е се уште активен и во Општина Делчево, депонија Делчево;

Изгаснати се 14 пожари на отворено во: Општина Кичево, кај с.Бачиште; Општина Брвеница, с.Милетино; Општина Боговиње с.Жеровјане; Општина Гостивар, с. Чајле; Општина Богданци, м.в. „Погана“ кон „Ветерен Парк Богданци“; Општина Прилеп, м.в. „Теке“; Општина Неготино, кај фабриката „Македонија“; Општина Старо Нагоричане, во с.Жегљане, маало Рогожарци; Општина Василево 1 кај с.Радичево и с.Дукатино; с.Чалакли; Општина Валандово, с.Чалакли; Општина Студеничани, с.Батинци; Општина Ѓорче Петров, пкрај ул.„Скупи“; Општина Зелениково, кај с.Вражале и во Општина Студеничани, во реон меѓу с.Драчевица и с.Црвена Вода.

Најново