Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Камала Харис и Доналд Трамп ќе се соочат на 10 септември

Првата телевизиска дебата меѓу демократската и републиканскиот кандидат за претседателските избори во САД, Камала Харис и Доналд Трамп, ќе одржи на 10 септември на телевизијата ABC, потврди овој медиум, пренесе Н1.

„Потпретседателот Харис и поранешниот претседател Трамп ни потврдија дека ќе учествуваат во дебатата на ABC“,објави телевизијата.

Претходно вчера, на прес-конференција во Флорида, Трамп предложи да се одржат три дебати со Харис во текот на септември.

Камала Харис е актуелна америсканска потпретседателка која официјално стана претседателска кандидатка на Демократската партија на 5 август, по онлајн гласањето на Демократскиот национален комитет. Таа е првата Афроамериканка и жена со јужноазиско потекло од поголема партија која влегува во кампања за Белата куќа.

Лошиот настап на актуелниот претседател на САД, Џо бајден во дебатата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во јуни беше причината за нејзиното номинирање за претседателска кандидатка. Настапот на Бајден ја разниша довербата на неговите поддржувачи во неговите можности за реизбор за втор мандат и поттикна внатрепартиско несогласување околу тоа дали тој треба да остане во трката.

Штом Бајден објави дека се повлекува од претседателската трка, Харис и нејзиниот тим почнаа да работат за да ја добијат поддршката од партиските делегати, неопходна за номинација на онлајн партиското гласање.

Зачлени се на нашиот е-билтен