Од вкупно 93 компании, 66 завршиле со добивка, 22 компании завршиле со загуба и четири се долгорочно суспендирани, го објави Македонска берза прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.06.2024 година.
По профитабилност, стандардно, банкарскиот сектор е на врвот на табелата. Со 2.849.214.000 денари Комерцијална банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува Стопанска банка АД Скопје со добивка од 1.783.826.000 денари и на третото место е НЛБ банка АД Скопје со добивка од 1.641.262.000 денари.
Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски Телеком АД Скопје(1.081.726.000), Цементарница УСЈЕ(965.420.000), Алкалоид АД Скопје(825.117.000), Мермерен комбинат(482.537.000), Макпетрол АД Скопје(441.339.000), Скопски Пазар АД Скопје(343.844.000), и УНИ Банка АД Скопје(156.666.000).
Вкупната остварена добивка на котираните друштва е зголемена за 23,48 % и изнесува 12.225.946.830 денари. Вкупната загуба на котираните друштва е значително намалена за првата половина од 2024 година и изнесува 436.883.976 денари.