Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

До вчера вечерта имаше активни 17 пожари, пет се ставени под контрола

– Вкупно 35 пожари на отворен простор имаше во текот на денешниот ден до 19 часот, од кои 13 се изгаснати, пет се ставени под контрола, а активни се 17 пожари. По два активни пожара има во општина Македонски Брод, кај „Јасен“ – Белица и кај село Девич, во месноста викана „Вртешка“, два во општина Кичево, кај селото Цер и кај селата Патеец – Козичино. Активен е пожарот на Галичица, во правец на селата Лескоец и Стење во општина Ресен, а на охридска територија кон месноста Војтино, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Активни пожари има и во општините Долнени, Новаци, Валандово, Пласница, Дебар, кај село Гари, Чашка, Македонска Каменица, Василево, општина Сарај, кај село Кондово, во Гевгелија и два пожара има во Струга, кај селата Велешта и Долна Белица и кај Мороишта и Мислешево.

ЦУК информира дека под контрола се ставени пожарите во општина Македонски Брод, кај село Грешница, во Демир Хисар, на Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица, во Делчево, кај депонијата.

Под контрола се ставени два пожара во општина Чашка, кај селата Папрадиште и Ореше и на планина Мукос кон село Дреновци, Општина Прилеп.

Изгаснати се 13 пожари, од кои два во Пробиштип, потоа во општините Битола, Чешиново – Облешево, Пехчево, кај Негрево, во Ресен, кај селата Болно – Илино, во Кавадарци, кај Ваташа, месност викана Фуштани, во Куманово, кај локалитет Менкова Колиба. Изгаснати пожари има и во Старо Нагоричане, кај село Младо Нагоричане, општина Желино, кај село Чифлик, во општина Гостивар, кај селата Балиндол и Неготино во радовишкото село Подареш, каде гореше депонија. мд/нд/

Фото и видео: ЦУК 

https://youtube.com/watch?v=Eyl2fvw7TZQ%3Ft%3D25s
Најново