На 19.08.2024 околу 20.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. Александар Македонски од патничко возило во движење било пукано во патничко возило ,,пасат” со австриски регистарски ознаки, при што со повреди се здобило едно лице кое е пренесено во Клинички центар, информираа вечерва од МВР.
Престрелката се случила кај „Агросервис“, кај клучката кон населбата „Ченто“. Неофицијално мета било лице со иницијали Н.А.
На лице место се пронајдени седум чаури.