Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

СДСМ: Власта да ги покачи платите на наставниците за 12% во септември

ДПМНЕ ги изневери наставниците! Тие нема да добијат зголемување на платите за 12% во месец септември. Министерката Весна Јаневска неколку пати соопшти дека Владата не може да обезбеди пари за зголемување на платите на наставниците. Владата со неоправдани и нерационални образложенија избегнува да ја реализира оваа обврска кон просветните работници. Во изминатите години ДПМНЕ ветуваше поголеми плати, поттикнуваше штрајкови, иако платите на наставниците секоја година се зголемуваа, истакна не денешната прес конференција Даниела Николова, пратеничка на СДСМ.

Таа потсети дека во април 2022, сегашната министерка Весна Јаневска, која тогаш беше опозиционерка, велеше „Потребно е Власта да изнајде пари бидејќи за наставниците станува збор!“, а сега истата таа Весна Јаневска, посочи Николова, откако седна во министерската фотеља, зборува сосема друго.

Според Николова, Јаневска и ДПМНЕ ги погазија ветувањата кои ги дадоа пред наставниците и граѓаните и тоа е понижување и манипулирање на наставниците и сите вработени во образованието.

Од СДСМ велат дека има пари и дека потврда е луксузирањето на премиерот и министрите кои патуваат со најскапи авионски билети. Тоа е само потврда дека во прашање е избор на приоритети. За ДПМНЕ, наставниците не се приоритет.

„Наставниците и сите граѓани знаат дека во изминатите 7 години, Владата предводена од СДСМ ги зголеми платите во образованието, кумулативно за над 55%. И во годините на здравствена, економска и енергетска криза, имаше пари за континуирано зголемување на платите во образованието. Ако во 2016 година основната платата на наставниците во основно образование изнесувала 21.100 ден., од септември 2023 год. таа изнесува 33.640 ден и ако во 2016 година основната платата на наставниците во средното образование изнесувала 21.950 денари., од септември 2023 год. таа изнесува 35.200 ден. 

Николова реше дека СДСМ ги зголеми платите и во високото образование. Така, ако платата на редовните универзитетски професори во 2020 година изнесувала 36.211 ден, во 2024 год. таа изнесува 81.783 ден. Сосема е неоправдано, Владата предводена од ДПМНЕ да тврди дека нема можност да се покачат платите во образованието. 

СДСМ, беше потенцирано на прес конференцијата, останува да бидеме партнери на наставниците во заштита на  нивните права. СДСМ ќе се спротистави на политиките на оваа Владата која свесно сака да ги стави наставниците и образованието воопшто на маргините на општеството.

Зачлени се на нашиот е-билтен