Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ денеска треба да гласаат за набавката на автобуси и програмите на јавните претпријатија – Закажани над 50 точки на дневниот ред

За денеска во Советот на Град Скопје, ќе се одржи долгоочекуваната седница, а на дневниот ред има повеќе од 50 точки за кои треба да гласаат советниците кои се однесуваат на јавниот превоз и набавката на автобуси, за животна средина, програмите за времени ваботувања и функционирање на јавните претпријатија со приоритет на „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“.

На дневниот ред е ставен на гласање и БРТ превозот, за кој повеќе од 15 пати советниците од владејачката ВМРО-ДПМНе досега не гласале, а три години плаќаме пенали бидејќи не е започната изградбата.

Оваа седница доаќа по неколкудневните расправии меѓу премиерот Христијан Мицкоски и градоначлничката Данела Арсовска и нивната несупешна средба, со што тој ги повика да ги изгласаат овие програми, па претседателот на Советот, Трајко Славевски закажа седница за денес каде кажа дека сите програми на градоначалничката ќе бидат изгласани од страна на советот.

Мицкоски кажа дека и дава рок од една недела на Арсовска да почне да ги средува работите во градот во спротивно ќе се разгледа одземање на ингеренциите на скопската градоначалничка.

Најново