Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Мицкоски го укори неговиот заменик Николоски: Да не наседнуваме на провокации

Премиерот Мицкоски денеска од Згреб упати апел до македонските граѓани, до политичарите, до оние коишто и мислат добро на татковината и на граѓаните, во која истакнува „да не наседнуваме на овие провокации“. 

Овој апел на Мицкоски доаѓа по крајно недипломатската изјава на неговиот заменик и министер за транспорт и врски Александар Николоски, кој вчера на прес конференција, од владина говорница рече дека Бугарија е нефункционална држава, дека не можат ни избори да закажат и дека нема намера да им одговара на политички маргиналци.

Повикот на Мицкоски од Загреб е своевиден укор до неговиот заменик Николоски, кој бездруго спаѓа во категоријара „оние коишто и мислат добро на татковината“, на кој му порача „да не влегуваме во замката на интересите на поедини криминални структури внатре во земјата и да не влегуваме во замката да бидеме вовлечени во предизборната кампања и реторика кај нашиот источен сосед.

Сепак, овој апел на Мицкоски не помогна за да ја пресретне реакцијата на бугарското Министерство за надворешни работи кое денеска ја повика амбасадорката на Северна Македонија за да и врачи остар протест поради, како што се наведува, вчерашната прес-конференција на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Зачлени се на нашиот е-билтен