Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ФК Вардар се договори со Срѓан Захариевски да биде нов тренер

Пред два дена Горан Петрески поднесе оставка, а денес од најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар соопшти дека постигнале договор со Срѓан Захариевски како нов тренер, кој ќе биде трет во тековната сезона на Првата македонска фудбалска лига. 

По Горазд Михајлов кој си поднесе оставка по победата над Пелистер во второт коло и неславните два меча на Горан Петрески, клупата на вардарци ја презема Срѓан Захариевски.

50-годишниот стручњак со „црвено-црниот“ колектив има две седмици за воигрување, додека трае репрезентативната пауза. 

Захариевски во својата тренерска кариера работеше во Металург, Пелистер, а најдолго се задржа во Струга. Тој беше човекот кој ги постави темелите на шампионскиот тим на стружани, но доби отказ пред да стане првак. Минатата сезона мина неколку месеци и во Воска Спорт. 

Како потенцијални тренери на Вардар изминатите два дена се споменуваа неколку имиња, но во потесен избор беа Гоце Седлоски и Игор Ангеловски, но изборот падна на Срѓан Захариевски. 

Зачлени се на нашиот е-билтен