Откако го призна проблемот со личните асистенти Весна Јаневска се обидува да се оправда со тоа што обвинува други, реагираше денеска СДСМ на изјавите на министерката за образование и наука.
Сите и се криви на Весна Јаневска, денеска ги обвинува училиштата, директорите, а таа не им ги продолжи договорите на личните асистенти, укажуваат од оваа партија.
Од СДСМ појаснуваат дека Без согласност од МОН ресурсните центри не можат да објават оглас и сосема е јасно дека вината е кај Весна Јаневска.
Од почетокот на учебната година ниту едно дете со попреченост не е на училиште, само затоа што министерката Весна Јаневска не ја заврши постапката за над 800 образовни асистенти.