ЦУК: Во текот на ден сабота, 07.09.2024 година, до 18:30 часот има вкупно 26 пожари на отворен простор, од кои активни се 5, под контрола се 5 и изгаснати се 16.
Активни се 5 пожари и тоа во:
- Општина Петровец: с.Градманци – с.Брезница – с.Катланово (нискостеблeста шума);
- Општина Демир Хисар: Плакенска планина, с.Мало Илино (сува трева);
- Општина Охрид: с.Горенци, во близина на аеродромот (мешана шума и депонија);
- Општина Дебар: с.Бомово (мешана шума);
- Општина Кичево: с.Арангел (деградирана шума).
Пожарот во Мариово, кој денеска беше сериозна опасност за населените места во прилепско и тоа за селата Пештани, Кокре, Кален, Дуње, Бонче, Крушевица, Волково, Штавица, Прилепец, Чумово, Селце, Лениште, Беловодица, Смолани и .Дрен каде што гореше нискостеблеста вегетација, сува трева и борова шума) е ставен по контрола.
Под контрола се и пожарите:
- Општина Прилеп 2: м.в.Дервен (шума);
- Општина Прилеп 3: с.Дрен – с.Смолани (букова шума);
- Општина Долнени: с.Десово (сува трева и ретка деградирана шума);
- Општина Брвеница: с.Милетино (шума и сува трева).
ИЗГАСНАТИ: 16
- Општина Чашка 1: Планина Мукос – с.Ораов Дол се шири кон с.Габровник (активен), с.Оморани (повторно активен), с.Степанци (под контрола) (ниска вегетација, мешана борова и липова шума);
- Општина Чашка 2: с.Голозинци – с.Мелница (ниска вегетација);
- Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);
- Општина Сарај: автопат Скопје – Тетово (сува трева);
- Општина Гази Баба: с.Јурумлери (депонија);
- Општина Бутел: бул.Словенија (грмушки и сува трева);
- Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);
- Општина Делчево 1: с.Разловци (сува трева);
- Општина Делчево 2: Градска депонија (ѓубре);
- Општина Крушево: Градска депонија (ѓубре);
- Општина Старо Нагоричане: с.Дренок (сува трева);
- Општина Виница: на влез во градот (сува трева);
- Општина Теарце: с.Нераште (сува трева);
- Општина Гостивар: с.Форино (сува трева);
- Општина Валандово: с.Градец – с.Удово (нискостеблеста дабова шума);
- Општина Македонски Брод: с.Грешница, м.в.Стојанова населба (деградирана шума, сува трева и грмушки).