„Веројатно властите ги решија сите криминалци кои јуришаат по улиците деновиве и решија да апсат чесни граѓани, христијани, верници во Бога кои со лични средства сакаат да ја реставрираат православната црква Св. Петка во атарот на селото Галате, гостиварско“ напиша на социјалните мрежи пратеничката од СДСМ, Славјанка Петровска.
Таа додаде дека властите прво лажеше оти обвинителство наредило апсење, па откако јавното обвинителство демантираше, граѓаните биле обвинети за узурпација на земјиште.
„Узурпација на земјиште на кое црквата е изградена пред повеќе од 30 години? Срамота!“ напиша Петровска.
Пратеничката од СДСМ запраша дали некој ја видел нејзината колешка од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска која пред изборите врескала дека никој не може да го тормози македонскиот народ.
„Ама не ѝ било до македонскиот народ, на неа и на ДПМНЕ, до власта им било“ потенцираше Петровска.