Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Филипче: Корупцијата во Законот за кредитот од Унгарија се гледа од авион

Претседателот на Социјалдемократскиотсојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во Струмица, во одговор на новинарско прашање, потенцираше дека Законот за кредит од Унгарија што го најави Владата, е голем корупциски проект за кој каматите ќе ги плаќаат идните генерации.

„За жал морам да констатирам дека корупцијата во овој Закон се гледа од авион. Имено, како никогаш досега една фирма која ќе биде одговорна за провизиите ја назначува унгарската банка која ги дава парите, тоа никогаш не било сценарио и не се случило во нашата земја. Секогаш кога имало меѓународна куќа таа била етаблирана, позната и ја обезбедувала државата со цел да се заштити. Сега некој друг ни кажува кои адвокати и која фирма ќе ги земе тие провизии. За жал, сметам дека тоа е еден голем корупциски проект кој што е озаконет, односно веќе влегува во законска процедура, генерации и генерации ќе плаќаат понатаму камати“, изјави претседателот на СДСМ Филипче.

Во одговорот на новинарското прашање, Филипче посочи дека загрижува и фактот што Владата го криеше овој закон од јавноста и сега се носи по скратена постапка.

 „Ние укажувавме изминатиов период и сега излегува дека е вистина. За жал се носи еден таков сериозен закон по скратена постапка, за да нема доволно време за дискусија или анализа од страна на експертите и експертската јавност. Тој закон е поминат на Влада на 3-ти септември и очигледно еве скоро цела недела се криел од јавноста. Се поставува прашање зошто на таков шверцерски начин се обидуваат таков закон да протнат во Собранието по скратена постапка“, рече претседателот на СДСМ Филипче, додавајќи дека СДСМ многу внимателно ќе следи кои ќе бидат тие фирми што ќе бидат назначени од Унгарија и ќе бидат одговорни за провизиите, и сите работи кои ќе ги открива СДСМ ќе и бидат презентирани на јавноста.

Зачлени се на нашиот е-билтен