Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Николовски за Рацин.мк: Најавувам тужба за Петрушевски и ВМРО-ДПМНЕ

„За измислените тврдења и невистини на Бране Петрушевски од ДПМНЕ кон мене, следува барање за јавно извинување и тужба за неосновано изнесени клевети“, изјави за Рацин.мк пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Оваа реакција на Николовски доаѓа откако пратеникот Бранко Петрушевски го обвини дека „дозволил незаконска исплата илјадници евра на мајката на газдата на НИКОБ, близок до Филипче“, како што наведува Петрушевски.

„Нема да дозволам чесната, чиста, транспарентна, законска работа и посветеност на земјоделскиот сектор со многу нови мерки, политики и резултати никој да ја валка и да се обиде да наштети на честа и угледот на било кој начин а најмалку со серијали и голи монтирани конструкции со цел да ја покрие неспособноста и скандалите на власта како и безидејноста, немањето на план и визија за поддршка и развој на земјоделството“, дополни во одговорот за Рацин.мк пратеникот и поранешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Најново