Поддржувачот на Трамп, Илон Маск, шеф на Тесла и сопственик на социјалната платформа Икс, и напиша на Свифт: „Во ред, Тејлор… победи… Ќе ти дадам дете и ќе ги бранам твоите мачки со својот живот“.
Неговата порака беше оценета како „одвратна“, „мизогина“ и „морничава“.
Коментарот со мачката дојде откако Свифт се фотографираше со својата мачка во објавата што ја нарече „Љубителка на мачки без деца“ и во која ја соопшти својата одлука, со што го „поткачи“ кандидатот за потпретседател на Трамп, Џеј Ди Венс, кој во интервјуто во 2021 година некои демократки ги нарече „куп љубителки на мачки без деца“. Во меѓувреме рече дека во прашање бил само саркастичен коментар.
Трамп во средата рече дека „не е обожавател на Тејлор“.
„Тоа беше само прашање на време“, рече Трамп во интервјуто за „Фокс њуз“.
„Таа е многу либерална личност. Се чини дека секогаш поддржува демократ, а веројатно ќе ја плати цената за тоа на пазарот“, додаде Трамп, експертот за пазарна економија.