Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Цените на храната во светот паѓаат, а на четиричлено семејство во Македонија одвај му стигнуваат 22.000 денари за храна

Синдикалната кошница надминува 1000 евра, a само за храна треба да се потрошат во месецот 22 илјади денари. Додека храната со месеци бележи пад на цената на глобално ниво кај нас веќе со години не замира континуиранотот поскапување на прехранбените производи. Светската организација за храна објави дека во август во однос на јули на берзите има намалување на цените на месото, шеќерот и житото.

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека, законот за нефер трговски практики ќе стартува на крајот од овој месец, кога и практично завршува пролонгираниот рок кој го побараа бизнисмените.

Но, доколку има потреба Мицкоски вледи дека ќе им даде уште некоа недела рок за прилагодување. Законот за нефер трговски практики е донесен од минатата власт се со цел да се стави ред во ланецот на трговија со храна.

Владата иако рече дека нема да интервенира во цените бидејќи сме пазарна економија, сега најави дека подготвува есенска кошничка со производи кои граѓаните највеќе ги употребуваат. Кошничката со околу 100 прехранбени производи треба да биде изготвена до петок. Како што најави тој, граѓаните може да очекуваат и пролетна кошничка.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, е убеден дека овој закон треба да стапи на сила на 28 септември и да донесе пониски цени за потрошувачите.

На стопанствениците, кои со недоверба гледаа на ова законско решение во изминатиов период и кои тврдеа дека нема да има време да се имплементира, тој им порача дека рокот за тоа бил шест месеци.

– Со овој Закон, се става крај на нефер односот на неодговорни поединци, каде што често овој процент беше над 35 отсто, а неговата имплементација, се надеваме, ќе даде резултат со фер цена – пониска цена на производите за крајните потрошувачи. Законот е донесен во март, во консултација со работодавците, стопанските комори и со здруженијата што се занимаваат со производството на храна и е работен според европска директива донесена во ЕУ во 2019 година. Со Законот се опфатени 2 540 земјоделски прехранбени продукти – појасни Ристески.

Досега се утврдени 26 случаи на нефер трговски практики во договори меѓу производителите, добавувачите и трговците поради големите проценти на рабат и до 40 oтсто, кои влијаат на крајната цена на производот, а тоа го плаќаат граѓаните, изјави заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

-Тие утврдени 26 договори со нефер трговски практики ќе бидат исклучени. Голем дел од договорите и членовите во договорите ќе бидат по препорака на Европа. Новите договори треба да бидат готови до 28 септември и потоа, во октомври и во ноември очекуваме да имаме резултат кај цените на производите, бидејќи, нас, како Влада и како министерство за економија, секогаш таргет и приоритет ни се граѓаните, изјави Ристески.

Се очекува и намалување на цените зашто ќе ги нема тие 35 до 40 проценти рабат, а со Законот на годишно ниво ќе биде сведено на 10 проценти.

Законот за забрана на нефер трговските практики беше изгласан на 13 март годинава, а прикрај е шестмесечниот период за приспособување и почеток на примената.

Со Законот, маржите на трговците се ограничуваат на максимум 10 отсто од производствената цена, што е значително намалување од сегашните 30-40 отсто. Се очекува оваа мерка да донесе пониски цени за потрошувачите и поголема правичност во трговијата.

За непочитување на законските одредби се предвидени глоби до 20 000 евра.

Зачлени се на нашиот е-билтен