Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Напредува реконструкцијата на старото училиште во Љубојно кое ќе биде Центар за македонски јазик

Интензивно се изведуваат работите на реконтрукцијата на старото училиште во село Љубојно на бреговите на Преспанско Езеро, кое, соодветно на одлуката на Министерството за култура и на Владата во претходниот состав, во овој објект, кога ќе биде завршен во 2025 година, ќе биде сместен нов и модерен Центар за македонски јазик.

Одлуката тука да се основа Центар за македонски јазик е донесена заради долгот кон наследството што го носи ова училиште изградено пред 142 години и во кое, на 15 ноември 1944 година, започнала да се изведува настава на мајчин, македонски јазик, додека уште траела Втората светска војна.

Според проектот, чија реконструкција е во надлежност на Завод и музеј – Битола, предвидена е остварување на визијата за модерен центар за промоција на Љубојно, на Преспа, на македонскиот јазик, култура и на нашиот идентитет.

Проектот започна со прогласување на селото Љубојно за заштитена споменична целина, по што беа изработувани сите потребни стручни елаборати и проекти.

Идејата за основање Центар за македонски јазик се совпадна и со поттикот за регионална соработка кој дојде со потпишувањето на Преспанскиот договот со цел да се  зајакнат билатералните и трилатералните односи со соседните држави, Албанија и Грција, со центарот би претставувал место што ќе ги обединува трите држави.

За реконструкцијата на старото училиште во Љубојно и за работите неопходни за изградба и опремување на Центарот за македонски јазик, Владата од претходниот мандат одобри 32,8 миони денари за 2024 и во 2025 година, кога се очекува да заврши реализацијата на овој проект.

Зачлени се на нашиот е-билтен