Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Дунав во Будимпешта го крена алармот во Србија

Републичкиот штаб за вонредни состојби за утре закажа седница, соопштија вечерва од Министерството за внатрешни работи.

Како што се наведува во соопштението, седницата ќе започне во 11 часот во зградата на Владата на Србија, а ќе присуствува и српскиот премиер Милош Вучевиќ.

Седницата е свикана заради заканите предизвикани од циклонот Борис во централна Европа каде што во повеќе земји поплавите предизвикаа катастрофални последици и најмалку шест лица загинаа во невремето, а илјадници граѓани се евакуирани.

Во Будимпешта, во соседна Унгарија, нивото на водата на Дунав се очкеува да достигне максимум од околу 8 метри.

Зачлени се на нашиот е-билтен