Изминатите неколку дена сведоци сме на затегнување на однсоите меѓу северна Македонија и Бугарија, откако на средбата помеѓу македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова и бугарскиот претседател Румен Радев во Софија, која требаше да биде ново поглавје во македонско-бугарските односи, се претвори во фијаско на двајцата претседатели бидејќи направија протоколарна фото-сесија на која отсуствуваше македонското државно знаме.
Претседателката не беше единствена, и средбата на министерот за култура Зоран Љутков со бугарскиот колега Најден Тодоров помина без македонското знаме, но засега нема никаква реакција од министерството за култура, а фотографиите кои ги испратија до медиумите беа само со бугарско знаме.
Во меѓувреме откако бугарскиот амбасадот Желјаско Радуков одби да биде курир, македонското МНР не се откажува. Протестната нота и барањето извиниување по официјален пат ќе стигне до Бугарија за пропустот во кабинетот на бугарскиот претседател, каде го немаше македонското знаме при фотографирањето на Сиаљановска -Давкова и нејзиниот бугарски колега Румен Радев.
Од кабинетот на претседателката веќе реагираа дека воопшто не било ниту планирано да се фотографираат во кабинетот на Радев, но тоа било сторено откако тоа го побарал првиот човек на Бугарија. Претседателката вели дека ќе направела уште поголем скандал доколку решела да си замине.
По неколкудневните прозивања во медиумите, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски кој исто така беше дел од делегацијата дури вчера во министерството го повика новоименуваниот бугарски амбасадор во земјава Желјазко Радуков, за да му биде врачена протестна нота, но Радуков одбил да ја прифати протестната нота од Скопје.
Сиљановска- Давкова потенцираше дека со Радев имале пријатен ручек, со споменување на проекти, идеи но и дека нема зошто да има одговорност на шефот на протоколот во нејзиниот Кабинет.