Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Пејџерите биле тајвански бренд, произведени и дистрибуирани од европска компанија

Основачот и претседавач на Gold Apollo, Хсу Чинг-куанг
Основачот и претседавач на Gold Apollo, Хсу Чинг-куанг

Пејџерите користени за напад на Либан се направени од европски дистрибутер за производителот Gold Apollo, според претседателот на тајванската компанија.

„Њујорк тајмс“ објави дека Израел криел експлозив во серија пејџери нарачани од Голд Аполо и наменети за Хезболах.

Повеќе слики од Либан споделени на социјалните мрежи се чини дека покажуваат оштетени пејџери на Gold Apollo.

Но, основачот и претседавач на Gold Apollo, Хсу Чинг-куанг, им изјави на новинарите во средата дека неговата фирма потпишала договор со европски дистрибутер за користење на брендот Gold Apollo.

Хсу додаде дека дистрибутерот воспоставил врска со Gold Apollo пред околу три години.

Најпрво, европската компанија увезуваше само други пејџери и комуникациски производи на Gold Apollo, рече тој. Подоцна, компанијата му кажа на Gold Apollo дека сакаат да направат свои пејџери и побараа право да го користат брендот на тајванската компанија, рече тој.

Хсу рече дека Голд Аполо наишол на барем една аномалија во своите зделки со дистрибутерот, наведувајќи го жиричниот трансфер за кој требаше долго време да се расчисти.

Тајван нема евиденција за испорачани пејџери на Gold Apollo во Либан или на Блискиот Исток, изјави висок тајвански безбедносен функционер за Си-Ен-Ен во средата.

Gold Apolo испрати околу 260.000 пејџери од Тајван, главно во Соединетите Американски Држави и Австралија, изјави претставникот за Си-Ен-Ен.

Голем број од либанското движење на отпорот Хезболах, како и цивили беа убиени, а илјадници други беа ранети откако уредите за безжична комуникација, познати како пејџери, експлодираа на различни локации низ земјата во вторникот.

Либанското Министерство за здравство соопшти дека најмалку девет лица загинале, а 2.800 други се ранети во експлозиите кои првпат беа пријавени во јужните предградија на Бејрут.

Повеќето од повредите од пејџер експлозиите во вторникот во Либан се на лицето и рацете, додаде Министерството.

Новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на информирани извори, објави дека израелската шпионска агенција Мосад поставила експлозиви во 5.000 пејџери увезени од Хезболах пред детонациите во вторникот.

Изворите изјавија за Ројтерс дека се чини дека заговорот се подготвувал многу месеци. Биперите бile донесени во земјава на почетокот на годинава.

Ројтерс цитираше висок либански извор кој вели дека уредите биле модифицирани од израелската шпионска служба „на ниво на производство“.

„Мосад инјектира табла во внатрешноста на уредот што има експлозивен материјал кој добива шифра. Многу е тешко да се открие на кој било начин. Дури и со кој било уред или скенер“, истакна изворот.

Тие додадоа дека 3.000 од пејџерите експлодирале кога им била испратена шифрирана порака, истовремено активирајќи го експлозивот.

Друг безбедносен извор изјави за Ројтерс дека до три грама експлозив биле скриени во новите пејџери и дека не биле откриени од Хезболах.

Најново