Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Саша Богдановиќ: Одличен настап на нашите шахисти во Будимпешта, имаме втор најдобар резултат после водечката Индија

Одличен настап на нашите репрезентативци. Презадоволни сме од настапот како од машката така и од нашата женска репрезентација. После 6 кола се наоѓаме на 25 место, а бевме стартно рангирани како 65, изјави за Рацин.мк претседателот на УО на Шаховската федерација на Северна Македонија Саша Богдановиќ.

„Исто така еден убав куриозитет е дека во вој момент имаме втор резултат на Олимпијадата по освоени поени 18,5 и тоа после водечката Индија која има 12 меч бодови и 21 поен“, истакнува Богдановиќ.

Тој вели дека резултатот се должи хомогената уиграна млада екипа предводена од ВМ Евгениј Романов на првата табла кој претставува вистински лидер на нашата репрезентација.

„Имавме успешни подготовки на Попова Шапка пред Олимпијадата, па така сите шахисти играат во топ форма. Се надевам овака да се продолжи и да постигнеме висок пласман на оваа Олимпијада“, изјави за Рацин.мк претседателот на УО на Шаховската федерација на Северна Македонија Саша Богдановиќ.

Најново