Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Герапетритис: Грција останува посветена на интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ

Грција ќе продолжи да ја предводи интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија, потврди министерот за надворешни работи Јоргос Герапетритис за време на министерскиот состанок во Берлин, дел од „Берлинскиот процес“, објави денеска Екатимерини.

Герапетритис истакна дека проширената ЕУ е еднаква на посилна ЕУ, нагласувајќи го уникатниот статус на Грција и како најстара членка на ЕУ од Балканот и како непостојана членка на Советот за безбедност на ОН. Тој ја потврди посветеноста на Грција да ја задржи водечката улога во напорите за интеграција.

Министерот, исто така, истакна дека земјите од Западен Балкан мора да ги почитуваат стандардите на ЕУ, меѓународното право и принципите на владеењето на правото, нагласувајќи дека не може да има компромиси за овие суштински критериуми.

„Во екот на војните и пресвртите во поширокиот регион, од клучно значење е Балканот да служи како столб на мирот, стабилноста и просперитетот“, рече Герапетритис.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново