Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Заканите за безбедноста на воените објекти во Босна и Херцеговина стигнале од ИП адреса од Бугарија

Фотографија од порталот на Оружените сили на БиХ
Фотографија од порталот на Оружените сили на БиХ

Заканите по безбедноста на воените објекти стигнале од ИП адреса од Бугарија, објави денеска сараевски АВАЗ повикувајќи се на безбедносни извори во Босна и Херцеговина.

СИПА (Државната агенција за истраги и заштита) и понатаму го проверува доменот со цел да утврди кој стои зад пораката, но од таму рекле дека иако ИП адресата е од Бугарија, тоа не значи дека заканата дошла од оваа земја.

Заменик министерот за одбрана во Советот на министри, Александар Гогановиќ денеска ги повика граѓаните на Босна и Херцеговина (БиХ) да останат смирени и порача дека нема потврда дека безбедносната ситуација во БиХ е загрозена. Тој потврди дека се преземаат мерки за оперативна заштита поради наводи за одредени безбедносни закани, пишува Еуроњуз на српски јазик.

Гогановиќ во изјава за агенцијата Срна вели дека се појавиле закани и дека надлежните институции водат истрага, но не сакаше да коментира до крајот на истрагата и официјалното соопштение на безбедносните и полициските агенции.

„Министерството за одбрана и Здружениот штаб на вооружените сили како мерка на претпазливост преземаат оперативни мерки за заштита на персоналот, објектите и материјалните ресурси. Граѓаните треба да останат мирни. Нема официјална потврда дека безбедносната состојба во Босна и Херцеговина е во ризик“, изјави Гогановиќ.

Срна неофицијално дознава дека Обвинителството на БиХ добило мејл, по што СИПА (Државната агенција за истраги и заштита) го известила Министерството за одбрана и полициските агенции, а во објектите каде што се наоѓаат магацините за муниција е зголемена стражата.

„Имаме информации дека поради закани за воени објекти, вооружените сили на Босна и Херцеговина го подигнаа нивото на безбедност, а полициските агенции, Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина, седиштето на НАТО во Босна и Херцеговина и Европол се информирани за ова“, рече Миовчиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен