Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Невреме со катастрофални последици во регионот, во БиХ над 20 загинати

Невреме со катастрофални последици владее во голем дел од балканскиот регион.

Според извештаите на медиумите од регионот, најпогодена е Босна и Херцеговина.

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез изјави дека добил неофицијални информации дека 20 лица загинале во поплави и лизгање на земјиште во општина Јабланица на северот на Херцеговско-неретванскиот кантон.

Бројката на загинатите сè уште не е официјално потврдена од полицијата, но во своите изјави надлежните рекоа дека има загинати, како и многу исчезнати и повредени луѓе.

Во Хрватска, близина на изворот Комадино, недалеку од Јабланица во Хрватска, исчезна цел пат поради пороите и одроните што го зафатија теренот. На фотографијата испратена до Индекс од читател може да се види и како железничката пруга виси во воздухот бидејќи водата ја однела почвата под неа.

Малку претходно Планинарската служба за спасување (ГСС) Јабланица ги повика жителите да се обратат за помош и пожарникарите со заеднички сили се обидат да ги спасат загрозените од поплавите предизвикани од обилните врнежи во текот на ноќта. Потврдено е дека Јабланица е целосно блокирана.

„Полицијата не извести дека е блокирана и пругата. Во моментов не можете да влезете или да излезете од Јабланица. Фиксните телефони работат, но мобилните телефони немаат сигнал“, велат од ГСС.

Поради големите поплави и одрони загрозено е големо население, а според достапните информации има голем број повредени и исчезнати лица.

Поплави има и во Подгорица, главниот град на Црна Гора.

Силниот дожд што наврна синоќа во Подгорица предизвика поплави на неколку улици.

Најлошо е во Забјело, а на социјалните мрежи се објавени видеа од автомобили како едвај поминуваат низ поплавените улици.

Во Спуз се поплавени дворови на куќи, а во целата земја е вклучен црвен метео-аларм.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново