Институтот за медиуми и аналитика ИМА организира панел-дискусија на тема: „Како известуваа медиумите за евроинтеграциите пред и по изборите?“, која ќе се одржи на 9 октомври 2024 (среда) во хотелот Сити Парк во Скопје, со почеток во 12 часот.
Панелисти се Слободанка Јовановска – истакната новинарка и уредник за надворешна политика, проф. д-р Сефер Тахири – универзитетски професор по новинарство и јавни комуникации и Жарко Трајаноски – раководител на истражувања во ИМА, кои ќе ги претстават клучните наоди од нивните анализи за медиумското известување на оваа тема.
По излагањата на панелистите, предвидена е и дискусија со учесниците и присутните на настанот.