На небото над Хрватска синоќа повторно беше видлива поларната светлина, а една од најубавите сцени е снимена во Умаг.
Аурора бореалис беше видлива и покрај лошите временски услови, а Фејсбук страницата Неверин објави фотографии од овој редок феномен кој беше видлив над Истра, Славонија, Кварнер и Горски котар.
Аурора бореалис беше видлива поради ретка геомагнетна бура, пишува загрепски Јутарњи лист.