Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ердоган по четврти пат во Србија

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа пристигна во дводневна посета на Србија.

Свечениот пречек на Ердоган во Белград ќе се одржи во 11 часот пред Палатата Србија.

Освен средбата на двајцата претседатели, ќе се одржи и четвртата седница на Високиот совет за соработка меѓу Србија и Турција.

Потоа, предвидено е двајцата претседатели да го потпишат договорот и да се обратат пред медиумите.

На бизнис форумот ќе учествуваат и двајцата претседатели.

По пречекот на Ердоган на аеродромот, претседателот на Србија на Инстаграм напиша дека неговата возвратна посета на Србија е уште една можност за дополнително зајакнување на пријателските односи и соработка.

„Верувам дека за време на вашиот престој во Белград ќе работиме заедно на подобрување на економските, културните и политичките врски меѓу нашите земји“, додаде Вучиќ.

Зачлени се на нашиот е-билтен