[Фото галерија] Богатствата на есента и на Порече и оваа година презентирани на Поречки фармер

Поречки фармер 2024, Фотографија на Деница Бојаровска
Поречки фармер 2024, Фотографија на Деница Бојаровска

На 11 Октомври жителите на Пореќе го слават Денот на востанието на македонскиот народ но и богатствата на есента и на здравата храна на манифестацијата Поречки фармер што секоја година традиционално се одржува на овој ден.

И денеска, во срцето на Порече, во селото Самоков се собраа стотици жители на овој крај за да ги презентираат, слават и да им се заблагодарат на даровите на природата, на чистиот воздух и прекрасниот амбиент.

И оваа година на богатите штандови блесна поречката убавина – традиционална храна, плодови од поречките градини, рачни изработки и поречки ора и песни.

Поречани оваа година ја потпишаа и Декларацијата за мир во светот и против сите војни и употребата на нуклеарно оружје, што е иницијатива на Цветиновиот комитет за мир, како иницијатива на македонскиот уметник и мироносец Живко Поповски – Цветин, претставена на 6 август годинава.

Фотографии: Деница Бојаровска

Најчитано